Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Дојче Веле“ жали што немаат никаква комуникација со премиерот Ковачевски споредувајќи дека дури и со еден Зоран Заев имале нормална комуникација.

За комуникацијата со Ковачевски на почетокот беше информирана јавноста, и надвор од таа комуникација досега немаме никаков контакт. Колку и чудно да изгледа, и покрај сите наши разлики и спротивставени гледишта, имавме нормална комуникација и со еден Зоран Заев, без оглед што договореното од таквата комуникација во најголема мера не се исполнуваше потоа. Но, сметам дека е нормално два политички субјекта, одговорни за политичката иднина, да имаат минимум комуникација. Отсуството на контакт кажува дека Ковачевски нема демократски капацитет и на тој начин ја штити неспособноста на Владата, која е евидентна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.