Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто на „Република“ го искоментира скандалот со даваањето на македонски пасоши на сомнителниот украински политичар.

Кога ја отворив првата афера тогаш министерот Спасовски ме обвини дека сум ја попречил истрагата а тој што го правел кривичното дело беше обвинет и дел од тие луѓе завршија во затвор.Дали се тоа вистинските кои требаше да завршат во затвор и тогаш и сега тврдам не бидејќи тоа не се луѓето кои можат на своја рака да се сретнат со еден Вукотиќ или Седат Пекер и да даваат пасоши туку тие мора да ја добијат наредбата по вертикална хиерархија и за жал тој што е највиновен, односно првиот е се уште министер за внатрешни работи.Таков е и овој најнов случај издаден на лице кое што е на црна листа на САД.Од една страна устата им е полна про ЕУ и про НАТО а од друга страна за криминал и за тие пусти пари се подготвени се да направат. Како човек сум шокиран сум шокиран со каква леснотија се даваат пасоши на лица со сомнително минато.

Ветува сериозна истрага за сево ова кога ќе дојдат на власт.

Ќе треба многу работи да се истражат и проверат веднаш веднаш по формирањето на новата влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ и да биде најстрого санкционирано за да не се повторува. Стојам на ставот дека тие пасоши не можат да ги дадат вработените шалтерски работници и тие мора да добијат насока од повисоките инстанци.Ќе се открие еден по еден кои се наредбодавателите, креаторите, сценаристите-ветува лидерот на опозицијата.з



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.