И покрај сите проблеми, сепак Општина Ѓорче Петров продолжува да работи на терен, продолжува да ги исполнува ветувањата кои што се дадени пред граѓаните, истакна при денешната посета на Општината претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

И од тука е и нервозата кај нашиот политички конкурент, кога ги напаѓа градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. А, имате во Македонија повеќе од 20 градоначалници од СДСМ и од ДУИ, а јас ниту отчет видов, ниту знаеме кој проект го реализираа, рече Мицкоски.

Според лидерот на опозицијата, сето тоа кое што денеска претставува напад, сето тоа кое што претставува непринципиелен напад, тие со насмевка мора да го прифатат и истовремено да одбијат на невистините кои што доаѓаат од нивниот политички противник СДСМ.

А, она кое што исто така е важно е во периодот кој што следи и покрај сите предизвици да продолжиме да работиме, да го испорачаме тоа кое што сме го ветиле кај граѓаните, но и да испорачаме повеќе од тоа што сме ветиле на граѓаните. Затоа што мора да покажеме дека не се сите исти и дека ние сме различни затоа што ни претстојат предвремени парламентарни избори кога граѓаните треба да ја дадат довербата на тој на кој што тие мислат. А, ние цениме дека сме многу поконкурентни и многу покомпетитивни, и луѓе кои што држат до зборот и тоа што го ветуваат и го испорачуваат, нагласи тој.

Според Мицкоски, срамот ќе си остане кај тие што денеска се гласни, а треба да молчат.

А, ние ќе продолжиме да работиме, колку пониско тие удираат толку повисоко ние ќе се креваме, заврши Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.