Само народот е владетел на својата држава. Ниту Христијан, ниту Пендаровски, ниту Ковачевски, ниту Ахмети, ниту Села, ниту Касами, никој не е од нас, туку народот е стопан на својата држава и тој нека одлучи смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју во дневникот на Канал 5 телевизија.
Претседателот Мицкоски рече дека според македонскиот устав има два начини за распишување на референдум, но кој начин ќе го одберат ќе се знае кога ќе завршат консултациите.
Според Устав има два начина за распишување на референдум. Едниот е со 30 пратеници, а другиот со собирање на 150.000 потписи со дефинирано референдумско прашање преку канцелариите на Министерството за правда. Кој од двата начини ќе го одбереме ќе видиме кога ќе ги завршиме консултациите – рече Мицкоски.
На прашањето дали ќе се откажат од референдум бидејќи нема консензус од другите политички партии како и дека Димитар Ковачевски вели дека нерелевантно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече нема да се откажат бидејќи народот е најрелевантен да одлучи за својата иднина бидејќи како што рече ВМРО-ДПМНЕ работи за народот и потекнува од народот.
Не нема да се откажеме. Зошто ние да се откажеме од идејата за референдум. Видете сега само на нелегитимен премиер му е нерелевантно мислењето на народот. Ако вие сте премиер кој е избран од страна на народот тогаш ќе сфатите дека мислењето на народот е неприкосновено, тоа е најрелевантно. Но, бидејќи тој е поставен таму и е нелегитимен и од тие причини тој смета и вели дека му е нерелевантно мислењето на народот – потенцираше тој.
Но, јас обратно велам, ние потекнуваме од народот, ние работиме за народот. Ние сме платени од народот и треба на тој народ најмалку што должиме да му дозволиме да се произнесе за својата иднина, за иднината на своите деца, дециден е Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.