Продолжуваме со протестите, нема да сопрат протестите, народот како што гледате и сега продолжува да се собира, ние ќе продолжиме да го повикуваме и понатаму во деновите кои што се следат затоа што цениме дека власта на СДСМ и ДУИ не сака да го слушне народот којшто громогласно вели не на овој асимилаторски и понижувачки договор кој владата ѝ го нуди на јавноста, односно му го нуди на народот, изјави вечерва лидерот Христијан Мицкоски на протестот.

Ценам дека треба во што поголем број секојдневно да се собираме, мирољубиво, да го кажуваме нашиот демократски став, тоа е наше демократско право. Без насилство, затоа што насилството му одговара само на оној кој истото тоа насилство секое утро како аналитичар го најавува наместо да го спречува и помага и го охрабрува. Така што, насилството му одговара на оној кој што сака оваа иницијатива да ја сопре.

А ние имаме чиста цел, чиста намера а тоа е да го зачуваме достоинството, идентитетот, нашиот мајчин македонски јазик и благодарност до сите оние наши сограѓани Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми, Египќани и кои се секојдневно овде со нас и ни даваат поддршка  заедно со нас се борат за македонскиот идентитет, што е за нас многу важно.

Така што, еве јас ги повикувам граѓаните и во деновите кои следат континуирано да се придружуваат на оваа иницијатива НЕ за асимилација, туку ДА за европеизација но на достоинствен начин, затоа што ова што нас ни се нуди е асимилација и бугаризација, а не европеизација



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.