Заедничкиот патриотизам треба да биде “conditio sine qua non” на Македонија, надежта и есенцијата без која не се може. Главниот мотор на промените. Но тие не сакаат за ова да зборуваат драги пријатели, тие за оваа темa не сакаат да зборуваат, тие сакаат да зборуваат за другата тема за која што јас ќе зборувам денеска, а тоа се таканаречените уставни измени. Зошто сакаат тие да зборуваат за таканаречените уставни измени? СДСМ знае дека тука е нејзиниот крај и знае дека после поразот на следните парламентарни избори заминува во опозиција и се става под знак прашање постоењето на оваа политичка партија, постоењето како бренд СДСМ на политичката сцена. Но, затоа пак одлучува грчевито да се бори за секој еден ден дополнителна привилегија и мачно е кога се гледа како се измеќари на Демократската унија за интеграција, да останат што е можно повеќе, ден плус, недела повеќе, месец повеќе на функциите за да можат да го крадат народот, за да можат да ја пљачкаат Македонија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски на конференцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека таква е СДСМ денеска. Од партија која што на почетоците можеби имаше некаква државотворност, денеска е измеќар на Али Ахмети и Демократската унија за интеграција.

А кога сме кај Демократската унија за интеграција, зошто кога зборува Али Ахмети за заедништво помеѓу Албанците и реализирање на националниот интерес на Албанците тој е патриот, а зошто јас кога зборувам за македонскиот национален интерес, тогаш сум прогласен за националист. Што е разликата помеѓу едното и другото?

 

Али Ахмети сака да зборува за европска иднина за да не зборува за живозапалените во модуларната болница во Тетово, затоа што ако не зборува за некаква си европска иднина каде што нема никакви вредности кои што ги споделува, тогаш ќе треба да зборува за трагедијата на „Беса Транс“ каде што десетици наши сограѓани го загубија својот живот затоа што некој член на Демократската унија за интеграција кој што се наоѓа на некаква важна позиција во државата дал согласност вака неисправно возило да се управува.

 

Затоа што треба да зборува за илјадниците Албанци кои што ги празнат селата во Македонија. Затоа што ќе треба да зборува за економското цунами, пљачката и криминалот кој што го донесоа во Македонија, наместените тендери, договорите во четири очи. Затоа што ќе треба да зборува, нели за зелената агенда, а од зеленото „З“ не видовме, туку напротив, избори се ближат и повторно се враќаат на веќе проверената карта, а тоа е да го делиме народот и да зборуваме за национализам. За овие од СДСМ нема да зборувам, тие секако се нивни измеќари“, нагласи Мицкоски.

Тој посочи дека кога Ковачевски не знае што да прави или оди во Зајас да праша или оди во Струмица да се советува. За жал денеска тие луѓе ја злоупотребуваат европската иднина и тие се луѓето кои што сакаат да зборуваат за промените во Уставот и вклучување на мал минимален дел на сограѓани кои што за себе велат дека се дел од бугарскиот народ во Преамбулата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.