Целта на власта е да ги кочи општинските обврзници, коишто за првпат во Македонија се издаваат, алармира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Целта на власта е да ги кочи сите можни извори на средства за реализација на проекти за следната година бидејќи мислат дека ако не реализираат градоначалниците со тие средства проекти така ќе паѓа рејтингот на градоначалниците, со тоа ќе паѓа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, а рејтингот на Ковачевски и СДСМ ќе расте. Се лажат. Тие што ги советуваат се лажат, затоа што народот точно знае да препознае и без тие средства, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат повеќе од максимум, преку чесно, храбро, одговорно и посветено работење да испорачаат тоа што ветиле. А на следните предвремени парламентарни избори ќе заминат во опозиција којашто ќе трае многу години, бидејќи никогаш повеќе не треба да дозволиме вакви политичари, злобни политичари, да ја водат Македонија, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.