Денеска сме повторно овде во Свети Николе, градоначалникот Дејан кажа за проектите кои што се во тек. Имаме интересна прогноза дека за 2,5 до 3 години целата програма која што беше дел од предизборната кампања ќе биде реализирана и навистина се радувам што тоа е така. Така што ќе имаме можност повеќе од година дена за да реализираме проекти кои не беа ветени, а сигурно тоа ќе го ценат граѓаните на Свети Николе, изјави за медиумите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој истакна дека стотици километри водовод, канализација, асфалт, нови детски игралишта, проекти кои генерално новата администрација предводена од градоначалникот Дејан Владев ги има реализирано и тоа е добро.
Добро е да се продолжи во таа насока, затоа што тоа им треба на граѓаните за да направат разлика од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои континуирано градат и оние кои денеска се уште се во владата и кои што континуирано крадат. Таа разлика е многу значајна да се направи затоа што ни претстојат избори во периодот кој следи, предвремени парламентарни избори и тогаш треба да се направи суштинска разлика за да можеме заеднички со ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните да ја градиме Македонија. А овие кои ја крадеа Македонија да одговараат за тоа што го направија. Не ми преостанува ништо друго освен да му честитам на Дејан и тимот кој работи со него во општина Свети Николе, да им посакам уште многу вакви проекти дадениот збор да си го одржат, за 2,5 до 3 години откако ја презема функцијата градоначалник да ја реализира програмата која ја ветуваше на изборите и да реализира и други десетици проекти кои ќе значат поквалитетен живот за жителите на Свети Николе – додаде Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.