„Во периодот што следи повеќе од 120 ако не се лажам владини функционери ќе се појавуваат со скриени имоти, во вредност од околу 30-тина милиони евра. Нешто што е непримерно. И нешто што навистина лош пример за иднина и треба да си преземат одговорност тие кои што направиле законско пречекорување односно не го пријавиле имотот“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање околу аферата „Тајни имоти“ денеска пред започнување на Политички дијалог на ЕПП – партиите од регионот, кој се одржува во хотелот „Double Tree by Hilton“.
Мицкоски додаде дека треба да одговараат пред законот оние функционери на Владата кои што направиле законско пречекорување односно не го пријавиле имотот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.