Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата Анализа на ТВ 24 вели дека е подготвен да разговара за измени во Изборниот законик во однос на техничката влада, како и една изборна единица се со цел да се дојде до предвремени парламентарни избори, а граѓаните да добијат влада која што ќе спроведува квалитетни реформи.

Ајде луѓе да одиме на предвремени избори затоа што мислиме дека е потребно цврсто владино мнозинство, мнозинство кое што ќе биде отпорно на уцени, мнозинство кое што ќе може да ги спроведе реформите, економски политики, реформи во правосудниот сектор итн. Јас сум апсолутно свесен дека тоа во овој момент ниту за Ковачевски, ниту за луѓето околу него не е прифатливо, немојте да мислите дека јас живеам во некој паралелен свет и се надевам имам надеж дека тие наеднаш ќе седнат и ќе речат ајде да одиме на предвремени парламентарни изброи. Затоа дури сум подготвен да понудам тоа што го зборувавме и со Зоран Заев на времето, да интервенираме во Изборниот законик да го избришеме делот со техничка влада.Н е мора да има повеќе техничка влада и тоа сум подготвен да седнам и да разговарам ако им пречи техничката влада за да прифатат предвремени избори, а водено да го скратиме рокот за кампања, наместо тие 100 дена да бидат они Уставни 45 до 60. И сето тоа во насока на тоа да добијат граѓаните поефикасна влада и ќе има влада со поддршка од народот за да може да ги спроведе политиките со кои ќе излезе пред народот, рече Мицкоски.

Ако е проблем техничката влада и времетраењето ајде да интервенираме и да ја тргнеме таа техничка влада. Подготвен сум да зборувам и за една изборна единица ова што го велат помалите политички партии кое што им е алиби да ја поддржуваат владата на ДУИ и која што ја администрира Ковачевски. Ајде и за тоа да зборуваме, подготвен сум и за тоа да зборуваме. За се сум подготвен да зборуваме, само да дојдам до целта, а целта е како граѓаните да добијат влада која ќе спроведе квалитетни реформи, изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.