Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја искоментира постапката на министерот за економија Крешник Беектеши, кој вчера во Албанија бурно реагираше кога беше наречен македонски министер.

За мене непријателски акт е кога министер што го плаќаат граѓаните, огромно мнозинство од нив Македонци, стои пред знаме на друга држава и се срами да каже од каде доаѓа, како што беше тоа чинот на еден министер во текот на неговата посета вчера. Резултатот од политиките на СДСМ е токму тоа, рече Мицкоски при одговор на новинарско прашање каде кажа дека тој не му е непријател на Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.