Ако ВМРО-ДПМНЕ е историскиот сопатник на Македонија, Унијата на млади сили е енергијата која го движи ВМРО-ДПМНЕ. И таа енергија е неуморната сила која носи промени, расадникот од кој доаѓаат идеите, од кој следат генерациите кои создаваат движење и прогрес, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.
И точно го знам чувството со кое се соочува секој еден член на Унијата, таа волја за докажување, но и честа да се работи и создава за сопствената Македонија, да се брани сопствениот став, да се исполнува чекор по чекор сопствениот сон. И затоа барам од вас да се борите за работите во кои цврсто верувате, да имате почит, но и да стоите на вашите ставови, затоа што тие ставови се сликата за вас, вашите ставови се дефиницијата по која ќе ве распознаваат од останатите.
Бранете ги секогаш, покажувајте карактер, затоа што вие сте личности на силни индивидуи кои секогаш ќе ја имате мојата поддршка.
Затоа, од срце ви кажувам, УМС, СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.