Доколку бугарските барања влезат во преговарачката рамка тоа ќе значи капитулација за Македонија и доколку стигне тој предлог да се гласа во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Призма”.

Сум кажал и ќе повторам тоа еднакво на капитулација за Македонија на дипломатски план. Тоа значи или се асимилирате, бугаризирате и станувате дел од ЕУ или никогаш нема да бидете дел од ЕУ. Ако стигне да се гласа во Собранието ќе гласаме против, изјави Мицкоски.

Во врска со барањето Бугарите да влезат во македонскиот Устав, Мицкоски потенцираше дека за да се разговара за тоа потребно е Бугарија да даде гаранции дека тоа ќе биде последно барање и нема повеќе да ја блокира Македонија, но и да ја поништи Резолуцијата изгласана во бугарскиот парламент во 2019 година.

Јас сум го кажал ставот неколку пати. Подготвен сум за тоа да разговарам, но претходно да видиме гаранции од страна на Бугарија дека тоа е последното барање и до денот на полноправно членство Бугарија да биде најголемиот поддржувач, а не кочничар на Македонија. Гаранција и поништена резолуција од 2019 година и јасна гаранција исто како што Македонија на 2008 година на барање на владата на Борисов, кога Бугарија станала членка на ЕУ, кажала дека нема отворени прашања, и како што Бугарија кога влегуваше Македонија во НАТО велепе дека нема отворени прашања, исто така да каже и сега, рече Мицкоски.

Мицкоски дополна дека Бугарија треба да да каже дека нема отворени прашања, да толкуваме историја или каков народ сме биле или да спори јазик итн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.