Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека 75% од граѓаните сметаат дека државата се движи во погрешен правец и дека оваа Влада треба да си замине.

Граѓаните не се задоволни од политиките на оваа Влада и огромно мнозинство од нив, три четвртини, можеби повеќе од 75%, од граѓаните мислат дека државата се движи во погрешен правец и дека оваа Влада треба да си замине – истакна Мицкоски.

Според него, едноцифрен е бројот на граѓани кои сметаат дека Владата треба да остане и дека државата се движи во правилна насока.

Тоа значи дека и поддржувачите на политиките на СДСМ, ДУИ и останатите коалициони партнери, не се сите едногласни дека Владата треба да остане – додаде Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.