Ќе има закочување на работата на Собранието, меѓутоа деловнички, со алатките што ни ги дава Деловникот. Секогаш кога ќе пробаат да скршат процедура ќе се спротивставиме на кршењето на процедурата и на нивните штетни политики, било економски, било какви законски решенија. Да, ќе ги спречуваме сите штетни закони, да, нема да дозволиме штетниот закон за марихуана така напишан како што беше да помине, нема да дозволиме одредени предлози во комисијата за избори и именувања кои што ќе им поминуваат во наредниот период а јавноста ќе може да ги види – ќе пробаме да ги сопреме или да покажеме поголема транспарентност. Секоја алатка која ја имаме согласно деловникот, ќе биде искористена. – кажа Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на Телевизија 24.

Мицевски додаде и дека на памет не им паѓа да го напуштат Собранието бидејќи СДСМ ќе бидат радосни доколку се случи тоа. Рече дека сите закони кои пробуваат да ги истуркаат на мала врата ќе ги изгласаат за еден ден и знаејќи го капацитетот за такви штетни закони, сигурен е дека тоа ќе го направат.

– По однос на блокирањето ако може да се вратиме, бидејќи навистина сакам да отворам една тема. Еве слушаме како ВМРО-ДПМНЕ блокира, секој втор прес им е дека нема да дозволат ВМРО да ја блокира работата на Собранието, координаторот кажува ќе ги преземеме сите одговорности за да функционира – е сега да ви кажам како функционира оваа влада:
Владата на Република Македонија е избрана на 17 јануари и нов премиер станува Ковачевски. На 18 јануари, од страна на Собранието е испратено писмо до владата во кое што бара да владата на кои закони останува во наредниот период затоа што се работи за влада која треба да се изјасни дали останува зад сите законски решенија, од некои се откажува и што планира да прави со секое законско решение кое се наоѓа во процедура. Владата испраќа писмо до Собранието во кое што наведува дека одржала седница на 22.02, месец и 5 дена немаат испратено известување до Собранието зад кои закони стојат. Во Собранието тоа стигнува на 25.02 а јас како координатор го добивам во текот на вчерашниот ден. Месец и пол дена, 87 закони. 87 закони, Собранието месец и пол чека владата да испрати известување зад кои закони останува и овој период владата и СДСМ одржаа еден куп прес конференции во кои велат дека 87 закони се блокираат од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Не, немало кој да седне и да разгледа што треба да работи. – кажа Мицевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.