Методија Димовски е назначен за нов генерален секретар на Владата, објави „360 степени“. Димовски е назначен на денешната седница на Владата, по оставката на досегашниот Мухамед Зеќири минатата недела, откако Јавното Обвинителство за организиран криминал донесе наредба за спроведување истражна постапка против него за злоупотреба на службената положба и овластување.

Зеќири од петокот е во притвор.

На денешната седница Владата прво го разреши Зеќири од генерален секретар на Владата, а потоа и Димовски од член на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето каде работи од 2017 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.