Една недела откако Стејт департментот го стави на црната листа на САД, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко до медиумите се обрати преку соопштение објавено на интернет-страницата на Општина Струга дека во име на правдата ќе биде отворен пред правосудните органи.

Во сооптението Мерко се осврнува на истирискиот развој на односите на Македонија и САД, уште од претседателот Вилсон во почетокот на минатиот век, па сѐ до денес.

Соединетите Американски Држави се наш сојузник во секој предизвик и заедно реализиравме многу значајни проекти за државата, градот и граѓаните на Струга. Секогаш ја поздравувам и ја поддржувам континуираната американска поддршка за нашата земја и граѓаните на Струга. По најновиот развој на настаните во врска со одлуката на американскиот Стејт Департмент, не сакав да комуницирам во корист на процесите, за кои ќе бидам отворен како и секогаш за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи. Oд страна на институцијата Општина Струга, како и од моја страна, ќе ја доставyвам навреме и што е можно поскоро секоја потребна документација, бидејќи секогаш сум бил транспарентен за органите на правдата и за сите други институции. Притоа, во интерес на процесот, решив да ја замрзнам секоја активност во партиските структури до затворање на важните процеси за сите, вели Мерко во соопштението објавено на сајтот на Општина Струга.

Тој им се заблагодарува на граѓаните за поддршката низ годините, но и за поддршката што не ја штеделе и денови, за која е  убеден дека ќе ги надминат заедно, за да создададат услови за подобар живот на стружани и за Струга што ја сакаат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.