Изет Меџити, предводник на незадоволната група во ДУИ тврди дека нивни  членови и приврзаници трпат притисок од страна на директорите и раководителите во јавната администрација, како и во општините.Меџити за „Република“ вели дека ова се случува подолг период.

-Цело време се случува овој притисок. Наши членови и привразаници се разрешуваат или бркаат од работа. Покрај тоа,  тие се принудени да одат на митинзи на ДУИ каков што беше последниот митинг  во Чаир и да се фотографираат дека биле присутни-открива Меџити за „Република“.

Војната меѓу т.н „Огнена група“ и раководството на ДУИ трае подоголго време. Оваа незадоволна група бара разрешување на Артан Груби кого го сметаат за главен виновник за случувањата во партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.