Матичните лекари утре ќе протестираат, најавувајќи дека утре не планираат да издаваат рецепти, ниту упати од „Мој Термин“, додека ќе примаат само итни случаи. Велат дека итно бараат основен пакет на услуги за пациентите, зголемување на капитацијата, како и да нема казни за матичните лекари за административни пропусти во пандемија.

Матичните бараат и воведување на минимална партиципација. Тие предлагаат да се плаќа 50 денари за прв влез во месецот, а останатите прегледи да не ги плаќа пациентот.

За утре попладне е акажана средба од заменикот-министерот за здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.