Во ЕУ влегуваме како Македонци со чист македонски јазик, а вие сте изгубени во историјата, им се обрати пратеничката на СДСМ, Даниела Марковска на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

За што протестирате вие од ВМРО-ДПМНЕ, изгубени во историјата? Вчера врховисти, завчера антички, а денес наводно партизани. Во ЕУ влегуваме како Македонци со македонски јазик, а јас како пратеничка од Ѓорче Петров ќе се борам да го сочувам ликот и делото на Ѓорче Петров и тоа токму од вас, ќе се борам да го зачувам ликот и делото на нашите народоноослободителни херои кои вие ги нарекувавте злосторници – порача пратеничката Марковска



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.