Комисијата за избори и именувања ја предлага Марија Јаническа за директор на ОТА. Таа е дипломиран правник и досегашен стручен соработник за општи и заеднички работи во Оперативно-техничката агенција. Предлогот е утврден едногласно. Ќе биде проследен до Собранието, кадешто треба да добие дво-третинско мнозинство и Бадинтерова поддршка. На огласот беше објавен пред 30-тина дена се пријавија 21 кандидат, а пред околу еден месец заврши 5-годишниот мандат на директорот Зоран Ангеловски.

ОТА беше формирана како самостоен државен орган по скандалот со масовното прислушување и Извештајот на експертската група на Европската комисија предводена од Прибе. Со повеќе законски измени, УБК доби наследник во АНБ која задржа голем дел од надлежностите, додека опремата за прислушување премина во ОТА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.