Вредно е да се разгледа иницијативата на опозицијата за промена на законот, вели вицепремиерот
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ смета дека слободата на здружување е светост во една демократија и таа мора да се почитува, но исто така треба да се почитуваат и јавните вредности кои се поврзани со антифашизмот.
Тој, во интервју на телевизија Канал 5, рече дека се потребни измени на Законот за здруженија и фондации и дека овој закон, кој е стар десетина години треба да се ревидира.
„Вредно е да се разгледа иницијативата на опозицијата за промена на законот. Имавме сигнали од пратениците од владејачкото мнозинство дека би го прифатиле тоа“, рече Маричиќ.
Вицепремиерот истакна дека сите се свесни дека треба да се промени законот и дека Владата е отворена за разговори како најдобро да се направи тоа.
„Во однос на коментарите на опозицијата за извештајот на Европската комисија би кажал само кратко – ако направиме споредба со извештаите до 2016 година и денес, тогаш зборуваме за една сосема понапредна држава“, изјави вицепремиерот за европски прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.