Пет мали парламентарни партии ја условуваат натамошната поддршка на новата Влада барајќи во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот закони, објави Телма.

Доколку тоа не се случи тие повеќе нема да бидат дел од владејачкото мнозинство што ќе доведе до распишување на предвремени парламентарни избори. Пратениците испратија и писмо до собранискиот спикер Талат Џафери од кој бараат да закаже седница на која ќе се расправа за предложените изборни правила.

Демократскиот сојуз, ДОМ, ЛДП, Вмро народна и Демократската партија на турците бараат веднаш да се закаже собраниска седница на која ќе се расправа за измените на Изборниот законик со кој е предвидено Македонија да биде една изборна единица со пропорционален модел без изборен праг.

Доколку до 15 април не се донесат измените тие ќе го напуштат владејачкото мнозинство и ќе предизвикаат предвремени парламентарни избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.