Основачите на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ – Благоевград најавија дека клубот ќе биде отворен на 30 октомври.

Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост.

На 30 октомври нашиот скромен македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ свечено ќе ги отвори вратите во Благоевград.

 

Клубот има за цел да ја развива македонската традиционална и модерна култура, да гради културен мост меѓу Бугарија и Македонија, да ги зајакне врските меѓу Македонците во Бугарија и Македонците ширум светот.

 

Основан е од Иницијативен комитет, во чиј состав е и Здружението за „Заштита на основните индивидуални човекови права“, регистрирано во согласност со бугарскиот закон во Агенцијата за регистрација на 30.08.2019 година. со EIK 205801406.

 

Настанот е дозволен од градоначалникот на општина Благоевград.

 

Поканети се премиерите на Бугарија и Македонија, амбасадори и градоначалникот на Благоевград.

 

Поканети се медиумите од двете страни на границата.

 

Поканети се пријатели и гости од земјава и странство.

 

Поканети се сите добронамерници.

 

Сите кои ги споделуваат и поддржуваат нашите цели – добредојдени сте!

 

Заповедајте!

 

Скромната прослава ќе се одржи со следната програма:

 

– отворање со поздрав кон присутните

 

– осветување според христијанските обичаи

 

– поздрави од официјалните гости на прославата

 

– положување цвеќе на спомениците на Димитар Благоев и Гоце Делчев, како и на спомен обележјето на Гоце Делчев во дворот на црквата.

 

Од организаторите: Атанас Мазнев



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.