Македонија ќе треба да му плати на поранешен „Хеленик петролеум“ 25,6 милиони евра за договорот со ОКТА

Вака пресудил Арбитражниот суд во Париз според кој на сегашен Хеленик енерџи му се одобрени 80% од бараните 32 милиони евра. Ова го објавија повеќе грчки и француски медиуми.
Грчката енергетска компанија ја тужеше земјава поради неисполнување на договорните обврски за купување
најмалку 500.000 тони нафта од Грција на годишно ниво.
Според грчките медиуми овие пари ќе бидат искористени за да се модернизира нафтоводот Солун-Скопје кој ќе се користи за транспорт на дизел гориво, наместо сурова нафта како во времето кога функционираше рафинеријата ОКТА.
Пред неколку дена, како што објавија француските медиуми, биле извршени потребните проверки при што било
констатирано дека цевководните објекти се функционални и безбедни. Гасоводот ќе има капацитет од 1 милион тони дизел годишно, со што во целост и ги задоволило потребите на Македонија. За рестартирање на гасоводот, компанијата Вардакс која го контролира гасоводот, поднела барање до Регулаторната комисија за негово рестартирање, пишуваат француските медиуми.

Инаку уделот на Хеленик енерџи во Вардекс е 80%, додека Македонија стопанисува со 20% преку
државната компанија Нафтовод Дооел Скопје.
Со договорот за продажба на ОКТА, потпишан од владата на Љубчо Георгиевски, во 1998 година, државата беше обврзана 20 години да купува по 500 илјади тони мазут годишно, што е повеќекратно повеќе од потребите, па Македонија престана да ја почитува обврската. Иако, овој договор долги години беше оценуван како штетен, случајот никогаш немаше правна разврска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.