Со цел имплементација на меѓународните стандарди за избори, како и препораките на Венецијанската комисија за континуирана обука на изборната администрација и другите актери вклучени во изборниот процес, изработена е „Студија за изводливост и патоказ за формирање Центар за обуки за изборите“.
Студијата на изводливост обично се прави кога сакате да создадете некое тело, или нова институција или да ги подобрите постоечките институции. Во процесот се вклучени Државната изборна комисија и други органи како што се претставници на општинските изборни комисии, но и претставници на политички партии, граѓанскиот сектор и медиумите, со цел да идентификуваме кои се нивните конкретни потреби, на тој начин процесот стана инклузивен и транспарентен за сите учесници во изборниот процес. Добрата вест е што многу работи веќе се воспоставени овде во Македонија, така што постои систем за обука, има програма и група обучувачии, во областа на едукација на граѓаните и на гласачите. – вели тим лидерот одговорен за изработката на студијата Павел Кабаченко.
Според него Македонија е подготвена да го направи следниот чекор во насока на подобрување и институционализирање наобуките, и со подготовките за истото би требало да започнат веднаш.
Со оглед на тоа дека ние подолго време сме вклучени во овој процес можам да кажам дека ова е од исклучителна важност затоа што веќе почнуваат одредени конкретни активности. Ако успееме, тоа ќе значи историски успех, бидејќи до сега тоа не постоело, а е еден важен сегмент за подигање на нивото на демократијата во државата воопшто. – порача Александар Даштевски, претседател на Државна изборна комисија.
Визијата на Државната изборна комисија и нејзина долгорочна стратегија е формирање на центар за обуки кој што ќе постои во склоп на структурата на Државната изборна комисија меѓутоа ќе има пофокусирани напори кон обезбедување на едукација за сите чинители во изборите, а не само за изборните органи како до сега. – потенцираше Љупка Гугучевска Филипоска раководителка на одделението за континуирани обуки во Државна изборна комисија.
Таа додаде дека уникатноста на Државната изборна комисија како институција е целната група која треба да ја едуцира. Тоа се не само сите полнолетни државјани, не само гласачите, туку буквално сите граѓани на оваа држава – и оние кои се во училишните клупи бидејќи за да имаме резултат на долг рок односно да се подигне свеста и знаењето за демократијата и изборите, со едукацијата мора да се почне многу порано.
Се надеваме дека оваа студија, заедно со тековните разговори на оваа тема, ќе придонесат кон изнаоѓање одржливи решенија за подобрена едукација за изборите, како и дека истите ќе помогнат во зајакнувањето на работата на изборната администрација, не само при организирањето избори, туку и при обезбедувањето подобри услуги за гласачите и останатите изборни актери. Овие заложби имаат за цел да ги унапредат изборните реформи, притоа зголемувајќи ја транспарентноста, интегритетот и целокупната доверба во изборните процеси. – истакна Јоана Козма директорката на канцеларијата на ИФЕС во Скопје.
Студијата е изработена од „Поддршка на изборните реформи“ проект на Швајцарската Влада, кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Проектот цели кон поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите, кои се одблизу набљудувани од граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.