Српски „Блиц“ во Скопје го посети Боки 13 откако поради лошата здравствена состојба беше пуштен дома. Тој откри дека се врати во својот дом, кој е блиску до домот на неговите родители и дека секојдневно ги посетува.

Иако не сакала да излезе пред камерите, неговата мајка на новинарите им откри низ што сè поминувало семејството.

Беше тешко, јас како мајка сето тоа тешко го издржав, но се бориме, се бориме и веруваме во Господ и правдата. Сега се чувствува малку посмирено и посреќно затоа што конечно ги има условите што му се потребни за нормално да се лекува, ја има потребната храна, секојдневно ги прима терапии кои му се потребни, изјави мајката Боки.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.