Во сабота во 12 часот во центарот на Скопје ќе се отворат просториите на Здружението на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија – Беломорски клуб и читална.

Сотир Лукровски координатор на Здруженијата на Македонците со потекло од Егејот, во интервју за „Република“ кое ќе биде објавено утре вели дека сѐ е подготвено за отворањето на клубот кој треба да прерасне во едно сврталиште, на повозрасните, но и да привлече помлади членови.

@republika.onlineСотир Лукровски здружение „В’мбел“♬ original sound – Republika online

Во клубот ќе има над 300 книги и читална и секој ќе може да дојде да прочита тоа што го интересира, да пронајде податоци и документи за роднини и пријатели каде избегале и која година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.