Потпретседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска беше гостинка во „Клик Плус“ на ТВ21.

Лукаревска го коментираше извештајот на Европската комисија.

Се создава перцепција за лош извештај, што не би се согласила затоа што има и други поенти позитивни кои треба да се споделуваат, и нормално треба да ги детерминираме слабостите и предностите. Јавноста знае дека во 2015/2016 година бевме заробена држава, а сега веќе можеме слободно да делуваме. Во тој дел имаме голем напредок, и тоа не смееме да го заборавиме. Треба да имаме во предвид еден важен момент во рамките на тој извештај дека Владата и администрацијата мобилизираа драстични ресурси и активно учествува во скрининг процесот. Ова значи дека сме ја завршиле работата, но има уште многу да работиме… Она кое во рамки на извршната власт е да носи реформи и да прави резови онаму каде што е потребно и каде има ингеренции. Во судската власт не смее да се меша, и таму треба да има реформи, дури имало соодветни инсистирања од наша страна за реформи, изјави Лукаревска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.