Македонската и бугарската влада отворено се придвижија и тоа е охрабрувачки и позитивен сигнал. Се надевам дека билатералните теми набрзо ќе се надминат, коментира германската министерка за Европа. Во интервју за Дојче Веле, Ана Лирман потенцира дека Европската Унија и Бугарија треба да го одржат ветувањето кон Македонија.

Се надевам дека Скопје наскоро ќе ги почне преговорите, вели министерката, која беше прв странски претставник кој се сретна со новиот премиер Димитар Ковачевски.

На прашањето да ги коментира реакциите во бугарската јавност по враќањето на Петков во Софија и подготвеноста на Германија да ги поддржи преговорите меѓу двете земји, Лирман ја повтори пораката од Скопје – процесот треба да остане билатерален.

Важно е сите ние како ЕУ- а тука припаѓа и Бугарија- да си го одржиме ветувањето кон Македонија и Албанија. Ние сме подготвени да го поддржиме тој процес, но во најголем дел се работи за билатерален процес. Мислам дека и за новата бугарска влада приоритет е да продолжи со сопствената реформска агенда и дека постои желба историјата да им се остави на историчарите – вели Лирман.

Посетата на Петков и Македонија беа тема на која се осврнаа и поранешните бугарски претседатели. Според Георги Прванов, на двете земји им треба нов концепт на заедничка историја, додека Плевнелиев вели дека на патот кон ЕУ, Скопје мора да се откаже од штетните идеологии.

Двајцата претседатели присуствуваа на јавна дискусија на Софискиот универзитет на тема „Улогата на политичкиот говор на шефот на државата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.