Кулминира револтот кај матичните лекари бидејќи од пред Нова година интензивно и масовно добиваат казни ретроградно за 2019-та година, 2020-та година па дури и за 2021 година.
Иако имаше формален договор со Фондот за здравство да се стават во мораториум такви казни односно административни пропусти бидејќи ние се соочивме со една страшна ситуација каде што да речеме пациент ако има хронична терапија со хипертензија и согласно важечките правила на шест месеци треба да оди на контрола кај својот интернист или кардиолог сеедно. И врз база на тие извештаи ние работиме со нив и ја ординираме хроничната терапија, меѓутоа во овие сите услови беше и се уште тотално невозможно ние на редовна база да ги обавуваме тие работи, па колеги се казнети заради тоа што извештај бил 7-8 месеци поминат веќе да речеме и сега се казнуваат лекарите по две години, истакна Ненад Лазаров во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.
Лазаров додаде дека има многу казни и тоа насекаде низ државата.
Цело време само нешто ни се наложува како обврска што треба да го одработиме, без да бидеме прашани што можеме, а што не можеме, колку можеме од тоа да поднесеме. Бидејќи видете освен овие административни обврски што ги имаме на секојдневна база кои што се огромни, кои што се зголемуваат од ден на ден буквално ние мораме да работиме и медицина со КОВИД пациенти и со не КОВИД пациенти, и хронична популација, рече Лазаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.