Портапролката на СДСМ, Богданка Кузевска, на прес-конференција изјави дека СДСМ, како одговорна, државотворна партија, постојано е меѓу граѓаните, таму каде што и е местото.

Во изминатите три месеци, преку активноста „Рамо до рамо до победа“ одржавме над 980 средби во исто толку населени места, месни и урбани заедници.

Со над 100 тимови, секој ден бевме меѓу граѓаните, со цел да го чуеме нивниот глас, да ни ги пренесат нивните ставови, барања и потреби.

Наидовме на одличен прием, граѓаните ни ги пренесоа нивните ставови, дел од нив имаа и конструктивни критики и забелешки кои ние со внимание ги забележавме.

По сите овие забелешки, предлози, но и добронамерни критики ќе постапиме одговорно, истите ќе ги анализираме и систематизираме и за сите нив ќе се обидеме да најдеме решенија, кои ќе влезат во следната предизборна програма.

Им благодариме за нивниот придонес, нивните барање и потреби

Така дејствува СДСМ, секогаш со народот, секогаш одговорно, инклузивно и во служба на граѓаните и државата.

Нашите активности ќе продолжат и во следниот период и преку теренски посети, но и преку организирање тематски трибини и средби со целни групи граѓани.

Продолжуваме и со спроведување на системските решенија и реформите што нè водат на европскиот пат, но исто така го унапредуваат квалитетот на живот на сите категории граѓани, изјави Кузевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.