тчетноста и транспарентноста се одлика на СДСМ, рече портпаролката на владејачката партија, Богданка Кузеска, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, во која се дебатираше за Индексот на транспарентност на политичките партии.

Ова истражување спроведено од Фондацијата „Отворено општество Македонија“ – ФООМ, во рамките на поширок проект на Меѓународниот републикански институт од САД – ИРИ, покажа дека ниедна партија не добила одлична или многу добра оценка. Од 28 истражувани партии, најмногу – 72 од можни 120 поени, освоила Левица и заслужила оценка „добар“. Истата оценка ја има и СДСМ со 55 поени.

Во дебатата, Кузеска посочи дека можеби сè уште не направиле доволно на ова поле, но дека работат на подобрување.

При рангирањето за Индексот се земени предвид 33 индикатори – од квалитетот и достапноста на информации на веб-страниците до начинот на реагирање на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, со оглед на тоа што партиите се „иматели“ на такви информации од 2019 година.

„СДСМ имаше објавено финансиски извештаи согласно законот. Станува збор за некои подобрувања со кои ќе им биде полесно за преглед на граѓаните, на јавноста и на новинарите, за да не лутаат на веб-страницата и да ги бараат како под линк, туку да бидат објавени во еден ‘таб’, во него да бидат сите информации што се потребни, како што сега е тоа направено со поддршка на ИРИ“, рече Кузевска.

Инаку, на Индексот на транспарентност, по Левица со 72 и СДСМ со 55 поени, следува Демократски сојуз со 54 – исто така во зоната „добар“. Од поголемите партии, ВМРО-ДПМНЕ има скор од 28 поени, Алијанса за Албанците – 22, а кон дното се Алтернатива и ДУИ со по 11 поени. Пет од 28 рангирани политички субјекти имаат 0 поени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.