Во последнов период забележително е присуството на премиерот на Косово Албин Курти во политичкиот живот во Србија и во Македонија. И додека во Србија тоа го прави индиректно, во Македонија тоа се прави очигледно и преку живо присуство.

Српската опозиција во Србија која на изборите доживеа убедлив пораз постојано се повикува на Курти, цитира негови изјави и го поддржува против полтиката против Србите на Косово.

Во тоа предничат Мариника Тепиќ и Драган Ѓилас. Заедничко со Курти им беше поддршката за Резолуцијата што ја донесе ЕП во која се бара проверка на изборните резултати.

Слична е приказната во Македонија.Курти дојде во Тетово пред неколку месеци каде домаќин му беше градоначалникот на Тетово Билам Касами а беше пречекан како премиер на сите Албанци. Потоа во Приштина на „баци рака“ беше Миле Зечевиќ од СДСМ.

Курти беше во Скопје и викендов каде беше специјален гостин на партиска трибина на СДСМ а го однесоа на свечена вечера во еден познат ресторан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.