Општина Куманово спроведе јавна набавка за истражување на јавно мислење – “Јавниот превоз во Oпштина Kуманово, потреба од бесплатен јавен превоз и негово влијание врз квалитетот на животот на граѓаните” во Декември 2022 година, кое имаше за цел да го измери степенот на задоволство кај граѓаните од јавниот превоз.
Ѓраѓаните беа прашани би поддржале воведување на бесплатен јавен превоз на територија на Општина Куманово за сите граѓани преку субвенционирање кон вршителите на јавниот превоз од буџетот на Општина Куманово, да го измери мислењето на граѓаните за бенефитот од воведување на бесплатен јавен превоз на територија на Општина Куманово и воедно да го измери степенот на задоволство на граѓаните од работата на локалната самоуправа.
Граѓаните позитивно се изјаснија за оваа иницијатива која за да стане реалност треба да помине на Советот на општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.