Конфедерацијата на слободни синдикати излезе на протест пред Собранието. Обвинуваат дека дел од пратениците се обидуваат на шверцерски начин без јавна дебата да ги донесат измените на Законот за административни службеници со кои ккао што велат им се крати правото за усогласување на платите за 2024 година. Контрадикторноста е и во општиот колективен договор потпишан лани, особено членовите 13 и 14.

На протестот дојдоа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, посочија дека процесот на носење на законот  не е инклузивен и дека на овој начин за реформи во јавната администрација ќе ни требаат 306 години.

Од КСС потенцираат дека реформи треба но не како што велат на шверцерски начин како што тоа го прават пратениците од владеачката структура.

Според КСС, не помалку битен е и фактот дека овие законски текстови не го поминале филтерот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) која требала да даде препораки за непотизам и политичко влијание во регрутирањето на вработените во јавниот сектор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.