Дезертерството на актуелниот македонски премиер, Димитар Ковачевски е една од темите на денешните пратенички прашања. Драган Ковачки, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека во 2001 година, додека гинеа патриоти, Ковачевски дезсертирал.

Додека патриотите гинеа и ги полнеа гробовите, Ковачевски се криел под јорган. Премиере Димитар Ковачевски, дали ќе ја имавме државава ако во Втората светска војна нашите се криеле од фашистите? Вие сте човек кој сте побегнале од должноста. Илинденците и Партизаните можеле да се борат со оружје в рака, а вие во 2001 година одбивте да се борите.

Ковачевски на говорницата во Собранието објаснуваше зошто во 2000 година му било констатирано дека е трајно неспособен да служи војска. Според него согласно сите законски процедури и во рамки во јавна процедура врз основа на мислења на стручни лица од медицината поради абдоменален проблем со кој сѐ уште се соочувал, се регистрирала неможност за служење воен рок.

– Тоа се случи во 2000 година, пред да се случи воениот конфликт во 2001 година. Ниту сум бил првиот, ниту последен таков случај. Јасно, гласно и целосно ја соопштувам вистината. Оваа група овде, од опозицијата, се лопови, криминалци, насилници, неработници и кодоши. Се растураат внатре помеѓу себе заради делење пари и тендери како овој последниот од 136 милиони евра. Цело раководство им е осудено на десетици години затвор поради криминал. Освен криминал и фотелји, за граѓаните воопшто не се заинтересирани. И видете кој човек говори за војска – Ковачки. Тоа е човек кој додека бил во АРМ издавал информации, тргувал со нив, навредувал колеги и колешки. Мизерија од човек. На следните избори и Собранието ќе се исчисти од такви како него – кратко одговори Ковачевски.Што ако сите во 2001 година го следеа вашиот пример и се криеја под јорган? Кога најголем дел од граѓаните застанаа во одбрана на државата, кога сите кумановци облекоа униформа, Ковачевски бил подготвен да трпи за леб и за вода, ама само да не учествува во војната. Тој одбил да ѝ служи на државата со тоа што приложил документ дека е трајно неспособен. Јас не познавам цивилизирана држава во која лице кое одбило да ја брани станало премиер. Тоа лице не смее да води ниту една институција и не смее да има пристап до највисоките државни тајни. Таквото лице седи на маса со НАТО членки. Ако Ковачевски еднаш лажирал документ, тогаш ќе лажира и по вторпат. Тој е опасност за НАТО. Тоа лице кое одбило да ја брани својата држава со тоа што лажирало документ за трајна неспособност не смее да раководи со војска. Македонија ја води во бездна човек кој ќе направи сѐ за да го прикрие тоа што денеска се срами

О

– – рече Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.