Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на телевизија Канал 5 вели дека Министерството за внатрешни работи не може три седмици да открие кој стој позади лажните дојави за бомби во училиштата и создава страв кај граѓаните бидејќи наместо да се занимава со тоа, се занимава со криминал и корупција.

На ист начин како што се случува во Mинистерството за одбрана се случува и во Mинистерството за внатрешни работи. Вие не можете да очекувате три недели некој лажно да пријавува и да прави хаос во училиштата, да создава немир и страв кај учениците и родителите, да го прекинува образовниот процес, а да не откриете што се случува и кој стои позади тоа. Но, тоа е така бидејќи во МВР наместо да се занимаваат со овие работи, се занима со криминал. Во МВР врие од корупција и МВР е главно за организација и продажба на дрога, изјави Ковачки и додаде дека и бившата јавна обвинителка го потврдила тоа кога изјавила дека акцијата за апсење на лица и е пробиена од МВР.

Во државата никогаш немало поголема распространетост на дрогата и тоа треба сите да го знаат. Под прекратија на МВР односно на високи структури на министерството и тоа беше потврдено дури и од самата јавна обвинителка Вилма Русковска кога требаше да се апсат поедини структури, акцијата беше пробиена, рече тој.

Според Ковачки, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски мора веднаш да си поднесе оставка и да се реформира целиот безбедносен сектор.

Тоа што се случува ваков хаос во државата во однос на безбедноста и да не можат да откријат три седмици, тогаш треба веднаш да си поднесат оставка и веднаш длабока реформа на тој сектор, заклучи Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.