Иако се поминати 22 години од случувањата во 2001 година се уште имаме едно 17 семејства на загинати бранители кој не се обештетени и има некаде околу 30-тина воени инвалиди кои исто така не се обештетени и ние предложивме измени и дополни на законот“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во гостување во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на Телевизија Алфа.

Ковачки посочи дека власта го одбила нивниот предложен закон и не сакала да разговара воопшто на таа проблематика.

Не е коректно ова што им се случува на семејствата државата мора да изнајде начин како тоа да го реши со обештетувањето на бранителите затоа што тие луѓе поминале во војна не затоа што сакале, туку затоа што државата ги пратила“, истакна Ковачки.

Тој посочи дека за тоа прашање, СДСМ очигледно е уценета од ДУИ.

Во периодот кои претстои по промената на власта ние ќе изнајдеме начин и решение ќе има. Мораме да изнајдеме начин како тие луѓе да ги обештетиме и ќе ги обештетиме. Ние навистина сакаме да ги обештетиме тие луѓе и нема на тоа да тераме политика. Тоа кога тоа ќе го направиме нема да правиме политиканство на тоа“, порача Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.