Ние бараме во интерес на јавноста да се расчисти случајот со непријавената хациенда на министерката Славјанка Петровска. Бидејќи до мене беше доставено побарување за извинување дека не сум ја говорел вистината, еве до мене стигна уште една сметка, од електрична енергија која исто така се води на таткото на министерката и тоа е истата адреса на фамозната хациенда, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, за „Што не е јасно“ на Алфа, потенцирајќи дека Петровска не ја покажала ни личната карта за да докаже дека не живеела во непријавената хаициндата со базен која ја нема на имотниот лист.
Наместо тоа се служи напади и обвинувања кои не држат никаква вода. Неспорно е дека уште во 2007 година кога неспорно земјиштето било во посед на министерката Петровска, било празно, а во 2009 веќе, тоа може да се види и на Гугл, има направено некоја дивоградба. После тоа е надградувана во 2016 со базен и други објекти, рече Ковачки.
Ковачки посочи дека Петровска кажува дека во 2011 или 2012 година го продала земјиштето, но директорот на катастар пак дека било во 2020 и додаде дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажува е дека таа била должна да го пријави тој имот.
На помош и дојде директорот на Катастар, Тунџев кој деновиве гледаме дека е во уште еден голем скандал со издавање на тендери. Се обиде да ја правда и испере, па кажа дека до 2020 било земјиштето нејзино. Но, тоа што ние го кажуваме е дека земјиштето било во сопственост на министерката Славјанка Петровска, односно на нејзиниот родител и по закон за спречување на корупција таа била должна да пријави таков имот, каде сметките пристигнувале на нејзиниот татко, истакна Ковачки.
Ковачки потенцира дека сите овие закани, уцени и омаловажувања кои ги прават СДС, Ковачевски и Петровска против пратеник кој ја говори вистината во интерес на јавноста во најмала рака се некоректни и недемократски.
Јавноста има право да знае кој го води министерството за одбрана. Таа покажува доза на нервоза, но човечки е да излезе и да понесе одговорност, а не да крие имот и да напаѓа, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.