Носителот на листата за третата изборна единица од коалицијата Твоја Македонија, Драган Ковачки говореше пред граѓаните на митингот во Виница. Тој порача дека време е за промени на оваа реалност во која тн европски фронт има полни усти за ЕУ и НАТО, а во исто време ги полнат џебовите со украдени пари.
– Устата им беше полна за ЕУ и НАТО, а џебовите полни од крадење од сопствениот народ. Поминаа години во кои една цигла не поставија, а се утепаа од крадење. Скоро да нема ништо капитално што можеме да кажеме…..ете тоа и тоа го направија и алал да им е за тоа. Само негативности и порази. Сцените во кои насилници од европски фронт на ДУИ и СДСМ упаѓаат и тепаат во државна институција и влакно не им фали…сцените со редици на граѓани кои погазени и гневни со саати и денови чекаат пасоши, а овие од европскиот фронт делат пасоши на белосветски криминалци.
Тој потсети на погубните статистики со кои се соочува Македонија.
– Го зголемија јавниот долг, создадоа НОВ долг од 3,8 милијарди евра и заради СДС и ДУИ секое семејство должи за по 8.000 евра повеќе, Македонија е меѓу 10-те земји со најголема стапка на криминал во Европа! Македонија е на врвот на листата во Европа според индексот на мизерија! Mакедонија е земја со најниски плати и пензии во Европа ! Македонија тоне во корупција, а тоа го нотираат сите извештаи на меѓународните институции и претставници! Го урнисаа судството и денес има само 1% доверба од граѓаните !
Ковачки посочи дека доаѓаат нови времиња и големи промени, а предвесникот на тоа е професорката Гордана Силјановска-Давкова.
Тука во Виница со гордо исправена глава затоа што знаеме дека како во минатото, така и во иднината ќе донесеме подобри времиња за нашиот народ и земја. Она што не разликува од СДСМ е што ние ветуваме и исполнуваме ! Ние имаме ЛИЦЕ да се појавиме пред луѓето и да зборуваме за нови проекти и за нови дела, затоа што имаме резултати во минатото. Денес сме тука да и дадеме поддршка на професорката Гордана Силјановска-Давкова!
Таа ќе биде првиот предвесник на големите промени. Горда, чесна, Стручна и Достоинствена. Жена која ќе биде сето она што не беше Пендаровски ! Професорка која е достојна за функцијата Претседател на Република Македонија!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.