Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки објави фотографии од партиската трибина на СДСМ во Прилеп, на кои се гледа началничката на крим полицијата од Прилеп. Ковачки го потсети министерот Оливер Спасовски на неговите зборови дека ја департизирал полицијата.

Стани Оливер Спасовски и прибери си ги професионалците – Началници од партиските митинзи на СДС. Во моментов Началничката на Крим-Полиција во Прилеп Емилија Велкоска ти е главна на партиската трибина. И после МВР немало резултати, кој стигне ги понижува полицајците, а криминалот цвета. Ова ли е таа департизација што ја кажува министерот каде и да се појави, напиша Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.