Имаме две пратенички прашања и двете се од областа на безбедноста. Првото прашање се однесува за начинот на именување, односно назначување на директорот на АНБ. На местото директор на АНБ Зарко Милошовски доаѓа од позицијата Помошник директор за безбедносни проверки и НАТО регистар. На тоа место е поставен од претходниот директор на АНБ Виктор Димовски, значи станува збор за негов личен избор. Зарко Милошевски е на висока позиција во АНБ веќе 7 години. 7 години е вклучен и одговорен за издавање на голем број случаи за издавање македонски државјанства, како и давање информации и оцрнување на политичките противници на СДС преку давање негативни мислења за безбедносни сертификати за пратеници, поранешни министри итн. Информации за дискредитација, а со кои се служеше и овој премиер тука од говорница, кој откако беше повикан на Суд да истото го докаже, по нему познат демократски рецепт избега и се сокри позади имунитетот – вели Драган Ковачки, пратеник во македонското собрание на денешната седница за поставување на пратенички прашања, рече од собраниската говорница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Ковачки изјави дека Димитар Ковачевски го поставил Зарко Милошовски и покрај тоа што тој директно учествувал во давањето на скандалот на македонско државјанство на Александар Онишченко кој е обвинет за перење пари во Украина и е на црната листа на САД поради мешање во претседателските избори.

Да продолжам со случајот Онишченко, за кој според досегашната реакција на нелегитимниот премиер Ковачевски, можеме да констатираме дека истиот бега од одговорност за случајот и е во склад со досегашното негово постапување, односно бегањето како негов заштитен знак, дури не се ни осмели да го разреши претходниот директор на кого му истече мандатот, со што барем симболично ќе покажеше дека е свесен за срамот и бламот што и го нанесоа на Македонија. Не само што премиерот избега од одговорност, туку се обиде и да го забошоти случајот, назначувајќи нов директор на незавршена постапка за утврдување на одговорност, значи на сред постапка назначи нов директор којшто на прес конференцијата од претходниот директор беше посочен како еден од можните виновници за случајот. Значи, Ковачевски назначи за директор на АНБ лице посочено како можно одговорно за случајот Онишченко – посочи тој.

На социјалните мрежи на 16 декември во јавност излезе еден документ. Документот кој што е доказ дека Зарко Милошовски новиот директор на АНБ поставен од Ковачевски е директно одговорен, односно тој е една од причините за давање на Македонско државјанство на Онишченко. Од овој документ може да се види дека АНБ го издава и го препраќа до МВР. Документ кој што е препратен на 3 март оваа година значи само неколку месеци по доаѓање на Ковачевски на позицијата, каде што јасно се гледа и се чита: во врска со вашиот акт за Онишченко ве известуваме дека не постојат пречки од безбедносен карактер. Потпис од Зарко Милошевски. Според тоа, е директно одговорен за безбедносниот пропуст направен од АНБ за случајот Онишченко, иако случајот се уште не е расчистен, додаде тој.

Ковачки го праша Ковачевски дали бил информиран како премиер дека Милошовски со потпишување на документот за проверка ја донел во заблуда и владата и МВР, и доколку не знаел, дали сега откако разбра ќе го разреши од директор на АНБ.

Дали пред да го назначи за директор на АНБ, вие како премиер сте знаеле, односно дали претходно сте бил информиран дека Зарко Милошевски е потписник на проверката која со свој потпис ја верификувал и легитимирал и свесно ги довел во заблуда и МВР и Владата, и доколку НЕ знаел, дали сега откако знае дека Зарко Милошевски е потписник на документот, ќе го разреши од функцијата, праша Ковачки.

Второто прашање кое го постави Ковачки, се однесуваше за случајот со заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши, за кој што објавија медиумите дека за едно ноќевање платил дури 20.000 евра во луксузен хотел во Турција, укажувајќи дека функционерите на владата мора да се однесуваат одговорно во време кога државата е со највисока инфлација во Европа и е втора по ред на индексот за мизерија.

Второто прашање исто е поврзано со безбедносниот сектор, со најскандалозното министерство во Владата на Ковачевски. Како што објави еден од порталите Ора њуз, еден од функционери од Владата, лице кое Вие сте го предложиле на ова собрание за заменик министер, бил на патување во Турција и за едно ноќевање платил 20.000 евра. Заменик министерот за внатрешни работи од ДУИ веројатно воодушевен од раскошот си направил и видео клипови кои подоцна станаа достапни за јавноста. Заменик министерот за внатрешни работи потврди дека престојувал во хотелот, но дека тој не ја платил сметката. Во услови на најголема инфлација од независноста на Македонија, најголем пад на животниот стандард, во услови кога сме 2-ри по индекс на мизерија во Европа, наш владин функционер плаќа 20.000 евра за ноќевање. Владините функционери мора да бидат отчетни и одговорни. Не викам дека со своето однесување треба да бидат рол модел за граѓани, но мора да имаат повисок степен на одговорност, пред се морална одговорност – истакна Ковачки.

Главните прашања кои остануваат да ги одговорат институциите меѓу кои најповикан е Министерот за внатрешни работи се следните, дали со примањето на подарок од 20.000 евра не се создала зависност од трети лица и дали во изминатиот период оваа зависност на Заменикот на МВР била злоупотребена од тие лица? Или со други зборови, дали и во која мерка му е компромитирана неговата позиција во МВР поради создадени обврски кон тие лица, праша Ковачки и директно го праша Ковачевски дали оправдува вакво однесување и доколку не кога ќе поднесе предлог за негово разрешување, нагласи.

Дали оправдувате такво однесување на Вашиот функционер од ДУИ и доколку не е, кога ќе поднесете предлог до Парламентот за негово разрешување, праша Ковачки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.