Коментарот на претседателот на ДУИ Али Ахмери дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ бил како wanna be Зеленски од Алиекспрес, затоа што облекол зелена маичка со натписот НЕ го испровоцира пратеникот Драган Ковачки да му одговори. На распеаниот Ахмети на задното седиште Ковачки му порача дека блиску е денот кога Албанците ќе му го постават прашањето зошто Албанците во Албанија одат кон ЕУ, а македонските Албанци тапкаат во место.

Али се труди да биде вицкаст, па уште и дава мислење дека претседателот Мицкоски не бил Зеленски од Украина, напиша на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Не знам точно, но ми се чини дека веројатно тој статус му го пишувал чиракот Артан Груби, заедно седнати на масата до орманчето во Зајас каде се гледа дека Али краде струја од ЕВН и додека дели “големи” совети за други. После тоа, на фејсбук си објавува друг статус и тоа во кола вредна стотина илјади евра. Додека народот гладува, овие си се снимале како си пејат песни. На човек не му е толку криво што го прават тоа, колку што мислат дека народ им верува дека добро пејат додека всушност крадат. И сето тоа се случува додека и народот на Али и македонскиот народ гладуваат, додека е ограбуван и потценуван од таквите како него, и тие што одбрале да му слугуваат од предавничката влада. На фејсбук глумат патриоти, а надвор од него само делат тендери. Абре Али, ти си само крадец. На Мицкоски не си му ни до колена. Тој го води народот, а ти го пљачкаш. Не многу далеку од сега, и Албанците ќе му го постават прашањето на Али зошто Албанците во Албанија одат кон ЕУ, а македонските Албанци тапкаат во место. Одговорот сигурно нема да е некаде помеѓу песните на Али и местенките на Артан, истакна Ковачки.

Али почна како сталинист, марксист – ленинист, се преставуваше како Че Гавара, а во суштина е надрипејач од Зајас, додаде тој.

Албанците ќе му го постават прашањето на Али зошто Албанците во Албанија одат кон ЕУ, а македонските Албанци тапкаат во место



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.