Бледо Ковачевски, многу бледо, народот нема доверба во власта затоа што сте криминални и не работите ништо 7 години.СДС е власт 7 години и 7 години нема никаков напредок, нема развој. Народот е сведок само на криминал и корупција. Затоа и предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДС е скоро двојна, обвинуваат од опозициската партија.
Ковачевски знае дека катастрофално ќе изгуби на предвремени избори и затоа бега и се крие зад превезот редовни избори. Ковачевски само си ја продолжува агонијата и на себе и на народот на себе затоа што тој само ќе тоне во поглед на рејтинг, а на народот затоа што го лишува од промени и развој.
Ковачевски охрабри се и излези на предвремени парламентарни избори.
Не се криј ниту зад Данела Арсовска која ја зема во коалиција за матни зделки. Истата таа Арсовска која постави кадар на СДС на чело на ЈСП и заедно со него склучија договор за набавка на гориво од 27 милиони евра без рабат.
Кадарот на Ковачевски, Александар Стојковски од ЈСП и Арсовска само со тој договор го оштетиле претпријатието за 1.5 милион евра. Со тие пари целосно може да се покрие долгот на ЈСП кон превозниците.
Ковачевски наместо да договара зделки со Арсовска да и каже да го раскине договорот за набавка на гориво и да распише нов тендер за да се обезбеди вообичаениот рабат и да се заштедат пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.