Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Њујорк, денеска имаше средба со Џасвиндер Каира, управен директор во групацијата, „Блекстоун”.
На средбата, Ковачевски и Каира разговараа за енергетската трансформација на државата, за проектите во областа на енергетиката, дигитализацијата, телекомуникациската инфраструктура и сајбер безбедноста.
„Блекстоун” е водечка американска инвестициска групација со седиште во Њујорк која е активна во повеќе сфери-инвестициски фондови, кредитирање, недвижности, инфраструктура, енергетска транзиција како и осигурување.
Групацијата има над 230 компании во сопствено портфолио за кои обезбедуваат долгорочен раст преку различни инвестиции во повеќе сектори, и се инвестициска компанија која придонесува кон развој на глобалната економија и економски раст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.