Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Виена, Австрија се сретна со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид. На средбата беше поздравено успешното претседавање на Македонија со ОБСЕ во 2023 година, со што државата уште еднаш ја покажа посветеноста кон мултилатерализмот.

На состанокот, двајцата соговорници констатираа дека претседавањето на Македонија со ОБСЕ претставуваше комплексна задача, која земјата успешно ја заврши во услови на најголема безбедносна и геополитичка криза на европскиот континент после Втората светска војна.

Премиерот Ковачевски, на средбата, истакна дека како членка на Тројката, Македонија е подготвена да ја пружи сета поддршка на актуелниот претседавач – Малта и да продолжи да придонесува во процесите за севкупната европска безбедност и стабилност.

Соговорниците разговараа за претстојните изборни процеси кои следат во Република Македонија и ја истакнаа важноста на ОБСЕ на тој план.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.