Премиерот Димитар Ковачевски смета дека постапката поврзана со снимката на која се слуша гласот на претседателот на Собранието, Талат Џафери треба да се одвива во законодавниот дом, кој е независен од извршната власт. Во однос на тоа како ќе се однесуваат пратениците од СДСМ во врска на оваа постапка ,тој вели дека треба да се види како таа ќе се одвива и какви податоци, документили или докази ќе бидат понудени.
– Мора да ја видиме и дисциплинската постапка и потоа да видиме пратениците како ќе се однесуваат согласно со податоците и согласно со нормално документите коишто таму ќе бидат презентирани, рече во Ковачевски во одговор на новинарско прашање по посетата на ПЗУ Никоб Медикал.
Собранието, додаде премиерот, има соодветни комисии во кои се разгледува однесувањето на пратениците во Собранието во однос на усогласеноста со етичкиот кодекс на однесување.
– Колку што знам веќе дел од пратениците имаат иницијативи во таа насока и затоа јас би се повикал прво на следење на процедурата, следење на етичкиот кодекс на однесување и следење на процедурите во Собранието на Република Македонија. Зошто? Затоа што да не заборавиме Собранието е посебна законодавна власт во државата, Владата е посебна – извршна власт и секако дека претседател на Влада не може да биде тој што ќе спроведува процедура во однос на она што го има како процедура во Собрание. Јас се надевам дека таму согласно со сите наводи и докази коишто ги споменавте дека ќе биде испочитувана процедурата и дека соодветно ќе бидат донесени понатамошни одлуки коишто се во надлежност на Собранието, меѓутоа и на други постапки, рече македонскиот премиер.
Тој оставува на ставот оти не сака да дава други коментари на снимката бидејќи, само се слуша глас и не се знае кој со кого или на кого му зборува.
– Не може да се дава оценка за нешто каде што се слушаат гласови, оти јас не сум бил таму, така што најдобар одговор може да дадат тие кои биле во самата сала и кои нормално дека ќе бидат дел од постапката што ќе си се води во соодветната Комисија, рече Ковачевски.
На новинарска забелешка дека во земјава има осудени лица врз основа на снимки на кои се слушаат гласови, премиерот потенцира оти судот секогаш пресудува врз основа на материјални докази.
– И тие кои се осудени, тие за кои има случаи, сите случаи судот ги води врз основа на закони, врз основа на материјални докази, документи за кои се однесува соодветен процес и соодветна пресуда. Значи, пресуда не се носи врз основа на телефонски разговори, туку пресуда се носи врз основа на релевантни документи кои што се докажуваат во судска , рече премиерот Ковачевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.