Писмото на американската амбасадорка Агелер е испратено секаде каде што е потребно. Владата обезбедува услови за функционирање на судовите, во делот на обезбедување на буџет, во делот на предлагање на законски решенија, кои подоцна ја унапредуваат судската пракса. Нов кривичен законик, нови закони подготвени во ренумерација на судиите и обвинителите, но се блокирани во Собранието, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, после неговото обраќање на „Самит Македонија 2025“.
Тој се согласува дека одредени судски случаи се одолговлечени.
Постапката оди со враќање кон пониски инстанци во повеќе наврати и тоа се прашања за судиите кои работат и за оние кои што управуваат со работата на судиите, додаде Ковачевски и потенцира дека се согласува со нејзините констатации.
Американската амбасадорка во земјава, Анџела Прајс Агелер е загрижена и разочарана поради големиот број предмети, кои Апелацискиот суд ги враќа на повторно судење, стои во отвореното писмо испратено до судските и извршните органи.
Секој ден сум сѐ повеќе загрижена и разочарана поради големиот број предмети (од високи профили) кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите, стои меѓу другото во писмото на Агелер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.