Kовачевски не кажа што е напредокот во преговорите со кој се фали Петков, ниту за што се преговара, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по вечрашното интерјву на премиерот Димитар Ковачевски.
Ковачевски пропушти и вечерва да покаже минимум државнички капацитет и повторно не ја информираше јавноста, што преговара и за што слави и се радува Петков. Ковачевски кога вели дека во буџетот нема пари за покачувања на платите како што бараат синдикатите пропушта да каже дека нема затоа што тој и неговиот претходник Заев го исцицаа преку тендери. Големи суми на пари се трошат за купување на скапа струја затоа што власта не знае да менаџира со енергетските капацитети на државата. Па и до 50% од потрошувачката на струја, беше покривана од увоз кога таа на светските берзи рушеше рекорди. А, немаше струја затоа што во РЕК наместо да се копа јаглен, вртеа камиони со струмички таблици. Во однос на пензиите, Ковачевски треба да каже дека ништо ново не нуди, туку само го враќа моделот што беше воведен од ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година и со кој се покачуваа пензиите се до 2018 година, а го укина Заев. Ковачевски иако го враќа моделот не им ги враќа парите кои Заев во меѓувреме им ги украде. Во однос на пописот Ковачевски треба да ја согледа реалноста, а таа е огромното иселување, кое се случува заради немањето добри политики и безнадежноста која владее со СДСМ во последните 5 години, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.